Која е идеалната температура во куќата? Експертите го отфрлија советот на СЗО

Светската здравствена организација препорачува внатрешната температура во домот да биде 18°C, но многу експерти сметаат дека тоа е прениска температура која може да го загрози здравјето, пишува Daily Mail.

За да останете здрави и топли во зима, експертите препорачуваат да го поставите термостатот на најмалку 20°C. Критики за препораката на СЗО стигнаа и од граѓаните, кои своето незадоволство го изразија на платформата Х. Еден корисник напишал: „Ќе ја поставам температурата како што ми одговара и никој друг не смее да се меша“, пренесува Вечерњи лист.

СЗО тврди дека 18°C ​​е доволна температура за повеќето здрави луѓе, под услов да се соодветно облечени.

Според нивните упатства, 18°C ​​е оптимална температура за умерена и постудена клима, но експертите велат дека можеби е премногу ниска за удобност на многу луѓе.

Томас Балогун од компанијата „Атлантик Еџ“ советува термостатот да биде поставен на 20°C во зима додека сте дома, додека навечер или кога не сте присутни температурата да биде малку пониска, околу 15-16°C. .

Метју Ширан од компанијата „Money Wellness“ истакнува дека е важно да се најде баланс помеѓу топлината и одржувањето на прифатливи трошоци за греење. Препорачува температура помеѓу 18°C ​​и 21°C за да го одржувате домот удобно без преголеми трошоци.

И покрај високите трошоци, здравствените експерти ја нагласуваат важноста да се одржува доволно топол домот, особено за старите лица и оние кои живеат во куќи или станови со слаба изолација. Фармацевтот Торун Говинд забележува дека студените и влажни домови го зголемуваат ризикот од настинки, грип и мувла на ѕидовите, што може да ги влоши здравствените проблеми како што е астмата.

Том Едмундс од компанијата „Вунда“ посочува дека температурите под 18°С во домовите може негативно да се одразат на здравјето и препорачува собната температура да не паѓа под овој минимум, дури и во простории кои ретко се користат. Исто така, предупредува на ризик од мувла доколку температурата падне под 13°C.