Свет

Кока-Кола го прекина бизнисот во Русија

Кока-Кола го прекина бизнисот во Русија

Компанијата Кока-Кола соопшти дека го прекинува своето работење во Русија.

Тоа е последниот во низата познати западни брендови што ја прекинаа својата работа во земјата – по сличните најави денеска од Мекдоналдс и Старбакс.

„Нашите срца се со луѓето кои трпат несовесни последици од овие трагични настани во Украина“, се вели во соопштението на Coca-Cola.

Компанијата за газирани пијалаци се соочуваше со зголемен притисок да се повлече од Русија , со #Бојкотирам КокаКола во тренд на Твитер во последните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни