Македонија

Колев: Жив сум, здрав сум, Бугарин сум и живеам во Штип

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој вчера се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев, за БГНЕС вели дека Бугарите во земјава не постојат на законодавно ниво. 

Тој вели дека не се сложува со премиерот Зоран Заев. 

„Нивните права не се почитуваат и покрај тврдењата на официјалната власт и лично на премиерот Заев. Бугарите во РС Македонија треба да имаат исти права како сите останати граѓани на РС Македонија“, изјави тој. 

Рече дека тој е жив, здрав, Бугарин е и живее во Штип. Колев вели дека Радев е прв кој сакал да чуе како живеат Бугарите во Македонија. Тврди дека има омраза кон Бугарите во Македонија и кон оние Бугари од Бугарија. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни