Македонија

Колку е активна албанската опозиција? АА и БЕСА: Активни сме, но не нѐ земаат во предвид

Албанската опозиција во Собранието на Северна Македонија има 5 пратеници. Алијанса за Албанците има тројца, а Движење Беса два пратеника. ТВ21 ги праша пратениците на овие две партии, колку тие се активни во Собрание. Пратеникот Сирија Рашиди, од АА, вели дека тие активно ги следат случувањата во Собрание и дека постојано вршат внатрешна консолидација и летот го користеле за средба со граѓаните.

Оваа фаза ја искористивме за внатре партиска консолидација, го консолидиравме организирањето на младинскиот форум на ниво на ограноци и овој процес ќе заврши на 20 декември со конференција на младите. Исто така имавме средби со граѓаните, посебно со претставници од албанската дијаспора, со партиските ограноци и мислам дека овие активности се доволни за да влеземе во нова фаза – средба со граѓаните за да ја претставиме нашата програма.

Според последниот извештај на „Мој Пратеник“, Сирија Рашиди, во првите шест месеци од 2019, доставил 2 предлог-закони и 7 амандмани, поставил 5 пратенички прашања, и е член на четири работни тела, имал 2 излагања на пленарни седници. Зијадин Села, во првите шест месеци на оваа година, доставил само еден амандман, е член на две работни тела, а имал само едно излагање на пленарна седница.

Пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели, се жали дека албанската опозиција не ужива почит во Собрание и дека последниот случај со не прифаќањето на амандманите за ребалансот на буџетот го докажува тоа.

Треба да има поголема комуникација власт-опозиција. Но не е важно прашањето на дебатата, мене никој не може да ми го скрати правото да дебатирам како пратеник од опозицијата. Колку се земаат предвид барањата и опозициските партии?! На пример ниту еден амандман од АА и Беса не беа прифатени.

Пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели, од јануари до јуни годинава, поставил само едно пратеничко прашање, доставил три предлог-закони и 8 амандмани. Тој е член на 7 работни тела и имал 3 излагања на пленарни седници. Другата пратеничка од Беса, Теута Биљали, доставила само еден амандман, не е член на ниту едно работно тело и не поставила ниту едно пратеничко прашање, исто така немала ниту едно излагање на пленарна седница.

Иако двете албански политички партии имаат само 5 пратеници вкупно, сепак секогаш кога е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, нивните гласа се клучни.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни