За три месеци два грабежа на експозитури на НЛБ банка. Пред три месеци од филијала во Чаир беа украдени 150 илјади евра, а од Министерството за внатрешни работи велат дека сѐ уште работат на пронаоѓање на разбојниците. Вчера беше ограбена филијала на НЛБ Банка во Сарај, а потрагата по сторителите продолжува и денеска. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарското прашање – до каде е истрагата за пронаоѓање на сторителите, одговори дека поради тоа што истрагата е во тек, не може да изнесе повеќе детали, само откри дека е можно да станува збор за мешана група разбојници со различни државјанства.
Спасовски, се осврна и на грабежите извршени од страна на вработените во банки.
Инаку, вчера нешто по 10 часот наутро, четворица вооружени и маскирани лица влегоа во експозитура на НЛБ Банка во Сарај, и заканувајќи се со огнено оружје со себе однесоа 115 илјади евра, соопштија од банката. Во грабежот немаше повредени, а очевидците велат дека акцијата не траела повеќе од 5 минути. Од НЛБ Тутунска банка ги смируваат клиентите дека нивните средства се безбедни.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ