Колку пари ќе добијат општините? Помал долг, помалку пари – поголем долг, повеќе пари

Повеќе пари од буџетот за општините со поголеми долгови, а помалку за оние со помали долгови, предвидува рамномерниот регионален развој. Целта е да се подмират  долговите, кои 98%  се кон домашните компании. Компаниите многу тешко ги наплаќаат, бидејќи некои општини се со судски лимити. Општините што ќе добијат повеќе пари од буџетот за покривање на долгот, ќе добијат помалку во делот на водовод и канализација и локални патишта – изјави Заев.

„Во делот на рамномерниот регионален развој сакам да знаете дека финансирањето на проектите од комуналната инфраструктура се висок приоритет, се грижиме да биде рамномерно. Со пуштањето на парите во општините, жалам што Велес и Аце Коцевски брзо ги платија долговите и малку ќе добијат“, изјави Зоран Заев – премиер на Р.М.

ТВ21 ги контактираше некои од градоначалниците кои работат домаќински. Ја поздравуваат одлуката на владата за подмирување на долговите, кои како што велат е во интерес на граѓаните, но сугерираат на поголема контрола на работата на општините. Бидејќи во очите на граѓаните додека тие враќале долгови, излегува дека ништо не работеле и не ги решавале локалните проблеми. Затоа во иднина порачуваат владата да ги поддржи оние кои добро менаџираат, наместо оние кои сега ќе се офајдат.

„Се отвора прашањето колку е ваквиот начин на распределба  е од морален и етички аспект исправен. Испаѓа дека ќе бидат казнети општините чие градоначалници не создавале долгови или враќале сретства минатата година, за сметка на тоа испаѓа дека ги оштетиле  граѓаните, не граделе инфраструктура“, вели Аце Коцевски – градоначалник на Велес.

„Имаме доста проблеми и полиња на кои треба сериозно да поразговараме треба сите заедно пред се чинителите и креаторите на политиката, да седнеме и да направиме анализа во легислативатаа и законите, општините да работаат по транспарентно и по домаќински да ги трошат парите“, изјави Перо Костадинов – градоначалник на Валандово.

„Ние како општина пријавивме многу мал долг, бидејќи и тоа што го имавме на пример два милиони за градењето на плажата во Николиќ, го имавме исплатено. Имаме кредит од 10 милиони кои не влегоа во оваа мерка. Нас рак- рана ние комуналното претпријатие, кое е во огромни долгови, а не е влезено во самата мерка“, вели Анго Ангов – градоначалник на Општина Дојран.

Заклучно со септември оваа година општините пријавиле долг од 97,5 милиони евра. Најголеми долгови имаат општините Охрид, Тетово, Карпош и Куманово, а најмали Валандово и Дојран. Со 50 милиони евра  ќе се помагнат  општините од буџетот за 2019-та година.

Најмал долг:                                                      Најголем долг:

Општина Велес          91.355.625 денари       Тетово      918.811.611денари

Општина Валандово 167.171 денари            Куманово 233.130.023денари

Дојран                          333.000 денари            Охрид       971.132.394денари

                                                                             Карпош      486.927.73 денари

РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21