Денеска во Министерството за надворешни работи се одржа комеморација по повод смртта на амбасадорот на Република Северен Македонија во Берлин, Рамадан Назифи.
Настанот почна со минута молчење, во знак на последна почит на доајенот на македонската дипломатија, Амбасадор Назифи.
Во присуство на членови на неговото ценето семејство, негови соработници од Министерството за надворешни работи и дипломатскиот кор, членови на Амбасадорскиот совет и медиуми, се обратија министерот за надворешни работи, Бујар Османи, директорот за европски држави Назиф Џафери и Директорот за Протокол, Амбасадор Ненад Колев, за потсетување на успешното дело на почитуваниот Амбасадор и колега.
Амбасадорот Назифи беше професионалец, кариерен дипломат, лингвист, ерудит, но сите, пред се, го познаваат како голем човек и кај сите доминира чувството на загуба на пријател, чесен колега, мудрец, неуморен соговорник кого го красеа свесност, почит, широчина, разборитост и насмевка, за секого.
Настанот, преку видео врска го следеа дипломатско-конзуларните претставништва на замјава.