Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Македонија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија

Теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата, велат од министерството за здравство.

Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја. Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот.

Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија.

Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти. 

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни