По една година, конечно е деблокиран законот за медиуми. Власта и опозицијата се согласија за носењето на закон за аудио и аудио визуелни услуги. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повлече голем дел од амандманите за законот за медиуми, со што се забрза постапката за негово усвојување. Предлагачот на законот, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, рече дека текстот на законот за медиуми ќе избегне политизирање во медиумскиот простор и дека неколку амандмани се прифатени и од опозицијата и се очекува до крајот на следната недела законот да добие зелено светло.
Претседателката на Комисијата за транспорт и врски, Лилјана Затуроска рече дека деблокирањето на процесот на реформите во медиумите, доаѓа како резултат на тоа дека таа и нејзините сопартијци се етикетирани како блокатори.
Законот за медиуми долго време беше заглавен во Собраниската комисија за транспорт и врски, каде опозициската партија бараше да не се менува актуелниот состав на Програмскиот Совет на МРТВ и Агенцијата за Аудио и Аудио визуелни услуги.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
