Константин Георгиевски во следните неколку месеци ќе ја извршува функцијата градоначалник на Охрид, се до распишување на предвремени локални избори за избор на нов „татко“ на градот. Георгиевски доаѓа на оваа функција по ненадејната смрт на Јован Стојаноски на 15 декември.
„Не сум ни најмалку среќен ни задоволен што на ваков начин и по вакви околности сум избран за градоначалник. Свесен сум дека никој од вас не е среќен. Од денеска мојата обврска, кон човекот кој прв ја вложи својата доверба, е уште поголема“, рече Георгиевски.
Се вчитува...
