Балкан

Конституиран новиот состав на Собранието на Србија: Пратениците положија заклетва

Конституиран новиот состав на Собранието на Србија: Пратениците положија заклетва

Новиот состав на Собранието на Србија официјално е конституиран, откако беа потврдени мандатите на сите народни пратеници. Со тоа, по октомвриските предвремени парламентарни избори, Студентската листа и формално ја презема парламентарната мнозинска позиција, додека Српската напредна странка по 14 години власт заминува во опозиција.

Конститутивната седница предизвика досега незабележан интерес кај медиумите. За следење на денешното заседание се акредитирале повеќе од 350 домашни и странски новинари и медиумски претставници.

Од Информативната служба на српското Собрание за агенцијата Бета потврдиле дека досега не бил забележан толкав интерес за конститутивна седница на српскиот парламент.

Седницата се одржува по предвремените парламентарни избори на кои победа однесе Студентската листа, со што започнува нова политичка етапа во српскиот парламент.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни