Македонија

Конститутивна седница во Собранието

Конститутивна седница во Собранието

Од денеска новоизбраните пратеници официјално се сместуваат во пратеничките фотелји откако пред 20 дена добија мандат од граѓаните.

Седницата е закажана за 11 часот и има четири точки.

Најпрво се бира верификационата комисија која има обврска да ги верификува мандатите на пратениците, потоа ќе следи и изборот на Комисијата за избори и именувања.

Според новиот Деловник конститутивната седница најмногу може да трае три дена, а завршува откако ќе биде избран новиот претседател на законодавниот дом кој најверојатно ќе биде првиот човек на Алтернатива Африм Гаши.

Откако претходно претседателот на Собранието Јован Митрески ја закажа, денес седницата ќе ја води највозрасниот пратеник односно Мерита Колчи Коџаџику од Демократското движење на Изет Меџити.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни