Балкан

Конзулот на Србија во Израел: Знаеме за случајот со киднапирање на српски државјанин во Газа, правиме се што можеме

Конзулот на Србија во Израел: Знаеме за случајот со киднапирање на српски државјанин во Газа, правиме се што можеме

Почесниот конзул на Србија во Израел, Александар Николиќ вели дека српската амбасада во таа земја е запознаена со случајот со киднапирањето на 22-годишниот млад човек со српско потекло Алон Охел.

Српскиот конзул во Израел вели дека се во контакт со семејството.

„Правиме се што можеме кога станува збор за израелските цивилни и воени власти, но со оглед на тоа колку е деликатен случајот, не можеме да коментираме премногу. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации“, изјави Николиќ за Танјуг.

Информацијата за киднапирањето на Алон Охел ја потврдија и од израелската амбасада во Србија, пренесува РТС.

Израелската амбасада соопшти дека Алон Охел бил „киднапиран од терористите на Хамас за време на музички фестивал во јужен Израел“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни