Македонија

Kорисниците на социјална помош во Општина Новаци, oслободени од плаќање сметка за комунални услуги

Советот на Општина Новаци донесе одлука со која сите приматели на социјална помош се ослободуваат од плаќање сметка за комунални услуги кон ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци.

Од Општина Новаци информираат дека одлуката нема значително да влијае врз работењето на комуналното претпријатие, а ќе претставува помош за семејствата кои се приматели на социјална помош во овие тешки времиња на економска криза, невработеност и беспарица.

Правото на ослободување од плаќање на сметка за комунални услуги, жителите на Општина Новаци може да го остварат со достава на решение за примање на социјална помош во просториите на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“.

На територијата на Општина Новаци според Центарот за социјални работи Битола регистрирани се 50-тина социјални случаи, приматели на социјална помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни