Кортни Кокс: Метју Пери се бореше да ги насмее гледачите на „Пријатели“

Актерката Кортни Кокс откри дека нејзиниот колега Метју Пери за време на снимањето на култната серија „Пријатели“ си вршел голем притисок, мислејќи дека мора по секоја цена да ги насмее гледачите.

Кортни Кокс и Метју Пери ги играа Моника и Чендлер во американската комедија „Пријатели“.

Во едно претходно интервју, Пери призна дека може целосно да се изгуби доколку не успее да ја насмее публиката, а сега тоа го потврди и неговата партнерка од малите екрани, Корсни Кокс.

“Тој само се бореше некое време. Мислам дека сега му оди одлично. Тешко е да се каже дека се потпира на тој хумор поради сопственото чувство за вредност”, изјави Кортни за лондонски Тајмс, додавајќи дека Метју вршел голем притисок врз самиот.во главата.

За време на повторното обединување на „Пријатели“, Метју Пери призна дека постојано имал необјаснива потреба сите да се смеат на неговите шеги.

„Се чувствував како да ќе умрам ако не се смеат“, рече Пери.

На почетокот на месецов, актерот потврди дека пишува мемоари за времето кога глумел во култната серија и неговата борба со зависноста.