Македонија

Корупција: Северна Македонија на најниската позиција од сите држави

Република Северна Македонија и оваа година бележи назадување на рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата односно со вкупно 35 поени и е пласирана на 106 место. Во 2018 државава беше на 93-то место со 37 индексни поени, додека во 2017 година сме биле на 107-ма позиција.

Ова го покажува извештајот за Индексот на перцепција на корупцијата 2019 година  (ИПК) објавен денеска од Транспаренски интернешнл, во кој се опфатени 180 држави, а акцентот бил ставен на врската помеѓу корупцијата и политиката не само преку финансирањето на изборните кампањи, туку и воопшто преку спроведување на нечии интереси што се остваруваат преку влијание со финансирање на политиката.

Овој надолен тренд, рече на денешната прес-конференција Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнл Македонија, го гледаме уште до 2012 година и порано, во борбата против корупцијата и убедливо сме на најниската позиција од сите држави и во регионот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни