Балкан

Косово го има првиот случај на мајмунска сипаница!

Косово го има првиот случај на мајмунска сипаница!

Во Косово е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти Институтот за јавно здравје на Косово, наведувајќи дека се работи за 30-годишен маж кој престојувал во една од западноафриканските земји.

Тој веднаш по враќањето дошол на преглед во приштинската КБЦ со симптоми како што се – покачена температура, промени на кожата и чешање, пренесува КоССев.

Лабораториските наоди, според институтот, тогаш покажале дека тој боледува од „Мпокс“, односно била потврдена мајмунска сипаница.

Тој е во стабилна состојба, а прегледани се членовите на неговото семејство и луѓето кои биле во контакт со него.

Иако наведуваат дека нема место за паника, приштинскиот институт за јавно здравје апелира до граѓаните да бидат внимателни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни