Косовската претседателка Вјоса Османи се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп за време на церемонијата по повод формирањето на Мировниот совет во Давос, на која присуствуваа лидери од целиот свет.
Османи објави неколку фотографии со Трамп, истакнувајќи дека сојузот со Америка е единствениот пат напред.
„Денес во Давос, во име на Република Косово, ја потпишав Повелбата на Советот за мир како член-основач, рамноправен и со полни права, рамо до рамо со Соединетите Американски Држави. Членството во меѓународните мировни организации предводени од нашиот стратешки сојузник го зајакнува нашиот суверенитет, нашата меѓународна позиција и е во највисок интерес на Република Косово. Затоа, овој историски договор ќе биде испратен до Собранието на Косово за ратификација во согласност со Уставот на Косово, за да добие конечно одобрување од претставниците на народот. Му се заблагодарувам на претседателот Трамп за неговото водство и за поканата да ја претставувам Република Косово во овој историски момент. Косово ќе биде во служба на мирот, денес и секогаш“, напиша Османи.
Таа е во Давос на покана на претседателот Трамп за церемонијата на формирање на Советот за мир, јави агенцијата КосоваПрес.
