Бизнис заедница гледа ќар во царниската „војна“ меѓу Косово и Србија која што трае речиси два месеци. Откако косовската влада за 100 проценти ги зголеми царинските давачки за увоз на српски производи, се зголемија и шансите на домашните бизнимени да го освојат, овој пазар, за кој велат дека е во раст.
„Косовскиот пазар по обем е сличен на македонскиот, но е пазар во раст. Заради сите работи кои се случуваа на Косово се остави простор во лесната индустрија, лесно прехрамбената, лесно хемиската индустрија. Со тоа нашите производтсвени погони треба да видат добра шанса за раст на своите компании“, рече Милановиќ од бизнис заедницата во Струмица.
Според Милановиќ, најавата за изградба на автопатот Скопје-Блаце до граничниот премин во должина до 13 километри, кој според македонската влада треба, да почне да се гради во јануари во две фази, ќе биде уште една можност за економска пенетрација на косовскиот пазар. Со брза патна инфраструктура, компаниите од крајниот исток на Македонија може полесно и повтино да се позиционираат таму.
„Соработката меѓу Макеоднија и Косово е традиционална од времето на поранепшнта Југославија, Имаат доверба во нашите производи. И ние имавме период кога се пронаоѓавме квалитативно и кавнтитативно и со капацитети. Отворена е соработката. Лесно влегуваат македонските производи кои ги бараат косовските грашани и веруваат во нив. Дури мислам дека полеснетите политички односи овозможија полесно д асе пенетрира таму“, вели Мили Милановиќ.
Според последниот извештај на Државниот завод за статистика издаден на 4 јануари годинава, Косово се наоѓа на 16 место на Топ 20 држави со кои Македонија има најголем обем на стокова размена, а се однесува на периодот јануари- ноември 2018. Во споредба со истиот период лани, извозот е зголемен за 10 проценти, и изнесува над 14 милиони американски долари.
Репортерка: Катерина Дафчева.
