Балкан

Косово нема да ја укине таксата на увозот од Србија додека не го смени односот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и покрај притисоците од официјален Вашингтон, таксата од 100 отсто на увозот на стоки од Србија и Босна и Херцеговина ќе остане во сила, се додека Белград не го смени односот кон Косово.

„Ако Белград вели дека никогаш нема да го признае Косово, тогаш и ние може никогаш да не ја укинеме таксата на српскиот увоз, им изјави синоќа Харадинај по посетата на градежната компанија „М-Текнолоџи“ во приштинската населба Лебане“ изјави Харадинај.

Американската амбасада во Приштина вчера преку соопштение повторно побара од Владата на Харадинај да ја укине таксата на увозот од Србија и БиХ, порачувајќи дека таа е спротивна на стратешките интереси на САД.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни