Балкан

„Коста беше мирен и тивок, од угледно семејство, сите сме потресени“: Еве што велат соседите за убиецот од училиштето во Врачар

„Коста беше мирен и тивок, од угледно семејство, сите сме потресени“: Еве што велат соседите за убиецот од училиштето во Врачар

Соседите на семејството на Коста К.(14) кој утрово со истрели од пиштол уби девет лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, се во шок поради се што се случи.

Посочуваат дека сите се потресени од се што се случило и дека се уште не можат да се соземат од шокот.

„Кога слушнавме што направил, бевме шокирани. Коста секогаш беше мирен и тивок, од угледно семејство. Татко му е доктор, мајка му работи, колку што знам, во некое министерство. Не знам што можеше да се случи, сите сме потресени“, вели соседот.

Тој наведува и дека досега немало никакви проблеми.

„Не сум свесен за ништо што се случило што може да укаже на нешто вакво“, додава тој.

Според неофицијални информации на Нова.рс, Коста К. претходно учел во друго училиште, а пред неколку години се преселил во „Владислав Рибникар“.

Тој бил жртва на насилство, а како што соопшти министерот за полиција Братислав Гашиќ, тој случај бил снимен и се случил во приватна актерска школа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни