Актуелниот пратеник Костадин Костадинов е новиот кандидат за градоначалник на општина Струмица. Ова на прес конференија го соопшти секретарот Љупчо Николовски.
„Со овој чекор се насочувам кон мојот роден град, градот кој го знам и за кој знам дека можам многу да направам. Токму од Струмица, на локално ниво, чекор по чекор може да се даде придонес за целокупната слика и добросостојба за нашата татковина, поаѓајќи од грижата за нашите сограѓани“, напиша Костадинов на Фејсбук.
Претходно, во краток временски период Костадинов беше в.д градоначалник откако актуелниот премиер ја напушти функцијата.