Лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов зборуваше за отворањето на македонскиот клуб во Благоевград и кажа дека тоа е провокација, пренесува „БНТ“.
Македонското малцинство го нарече непостоечко.
„Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов, пренесува БНТ.
Вели дека ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија.
„Македонија тврди дека носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска“, вели пратеникот.