Македонија

Костадинов: Од „заробена“, Македонија денеска е слободна држава во која се почитуваат човековите права

На прес-конференција во Собранието на Република Македонија, денеска се обрати Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на владеачката СДСМ. Тој истакна дека десет години Македонија била „заробена“ земја, а денеска е слободна и земја во која се почитуваат човековите права.

„Денеска, на Меѓународниот ден на човековите права, како политичка опција, носител на промените, горди сме што дадовме придонес за заштитата на човековите права, за враќањето на слободата, демократијата и еднаквоста во општеството.

Од „заробена“ држава, симбол за масовна злоупотреба и газење на основните човекови права, во која се случи масовно нелегално прислушување, монтирани судски процеси, уценети и заплашени медиуми и новинари, системски погазани права и слободи, денес Македонија е слободна држава во која се почитуваат и унапредуваат човековите права и слободи.

Ја вративме слободата во Република Македонија. После деценија уназадувања, денеска, на Меѓународниот ден на човековите права со право можеме да кажеме дека граѓаните на Македонија се чувствуваат слободни, заштитени, еднакви и достоинствени.

Обезбедена е целосна слобода на говор и слобода на јавно мислење.

Од држава на замолчени, уценети и притиснати медиуми, денес во Македонија има слобода на говор, медиумите се ослободени од било каков притисок на власта, можат да известуваат и работат слободно и независно.

Реформата во безбедносните институции обезбедени преку Собранието и надлежните инстицуции, формирањето на новата Оперативно-техничка агенција, е гарант дека заврши времето на нелегално следење на комуникациите на граѓаните.

Заврши времето на едно системско прекршување на приватноста и основните човекови права и слободи.

Се унапредуваат и правата на децата. До крајот на годинава во социјалните установи ќе бидат сместени за 60 отсто помалку деца отколку во август минатата година.

Со ратификацијата на Инстанбулската конвенција, овде во Собранието, државата и сите нејзини институции засилено ќе се се борат против домашното насилство и насилството врз жените. Активно се работи на реализација на ветувањето Македонија да биде држава без дискриминација“, вели Костадинов.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни