Ковачев: Тоа не е никаква борба со фашизмот, туку терористички напад

Европратеникот Андреј Ковачев во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека многу добро знаеме што се случило на 11-ти Октомври 1941 година во Прилеп и дека тоа не е никаква борба со фашизмот, туку терористички напад.

„Тоа е вашата интерпретација. Многу добро знаете што се случило на 11-ти Октомври во 1941 година во Прилеп еден Бугарин од Смилево, роднина на Дамјан Груев е убиен во грб од негов сограѓанин и еден друг човек Аспарух од истото место фрлил бомба на участакот. Тоа не е никаква борба со фашизмот, туку терористички напад извршен врз полицискиот участок“, вели Ковачев.

Тој истакна дека Бугарија ниту е фашистичка држава, ниту со неа владеел фашист.

„Бугарскиот цар Борис не е фашист. Така што тие етикети кои и ги ставате на Бугарија се голем проблем“, порача Ковачев.

.

Извор: ТВ21