Премиерот Димитар Ковачевски вечерва беше на трибините во Арена „Тодор Проески“ каде со претседателот Стево Пендаровски ја поддржаа македонската репрезентација.
„Натпревар на домашен терен, што вредеше да се гледа! Храбра борба, македонските репрезентативци вечерва покажаа одлична и посветена игра. Браво момци за освоениот бод со големата Англија! Искуствата од квалификациските натпревари за пласман на Европското фудбалско првенство, нека бидат мотив за следните шанси. Терените се ваши, ја имате поддршката за чекорите напред!“, вели Ковачевски.