Премиерот Димитар Ковачевски денеска, по новинарско прашање околу тоа што мисли за ставот на Алијанса за Албанците и Беса кои најавија дека ќе гласаат за измените во Уставот доколку се тргнат 20% за албанскиот јазик, порача дека е добро да се разговара за уставните измени.
Според него, тоа треба да биде процес којшто се одвива низ процедура како и до сега, односно пропишана согласно законите.
„Штом ќе биде отворена процедурата, кога ќе се види дека има волја, практично консензуална волја, а гледам дека сите партии имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние коишто беа изричито против, сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни измени, сметам дека треба да се седне на маса, сите политички партии да ги кажат своите претпоставки, да го кажат својот став во однос на уставните промени за да може на крајот да се дојде до решение коешто ќе бидеприфатливо за сите“, додаде Ковачевски.
