Ковачевски: Нема разговори за македонскиот идентитет, тој е темел на народот и државата

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ, порача во своето експозе претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски. 

„Jа остваривме повеќедецениската стратешка цел, членство во НАТО и обезбедивме мир стабилност и сигурна иднина за нашите деца.  Но на патот кон ЕУ пред нас се предизвиците за кои двете влади, на Северна Македонија и на Бугарија, се одлучни да изнајдат решенија низ дијалог и соработка. Македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктура која поврзува и на овие теми мора многу повеќе да соработуваме.

Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик.“ посочи Ковачевски. 

Ковачевски најави дека Република Северна Македонија ќе продолжи со добрососедска политики и засилена соработка со сите соседни земји.

„Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Владата ќе продолжи исто така да ги одржува и развива добрососедските и пријателски односи со сите свои соседи, постојано иницирајќи нови програми и проекти за поврзување на граѓаните преку иницијативи како што е „Отворен Блакан“, заклучи Ковачевски.

Поврзани вести

Ова е најплатениот музичар за 2021 година- заработил вртоглава сума

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“. Најголем дел од заработката е од продажба на своите...

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на првиот ден од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, која се одржува во хибриден формат, поради пандемијата, е избран за потпретседател на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

ВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЈАТ: Градоначалникот на Бања Лука и пејачката Тања Савиќ заедно на вечера

Со месеци наназад се шпекулира за односот помеѓу познатата пејачка Тања Савиќ и младиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. Иако и двајцата беа таинствени, сепак сега се сликани...

Најважното

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.