„Максимално сме посветени на нови инвестиции за развој на домашната економија и подобрување на животниот стандард”, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил.
„Денес, на првата од повеќе средби во ОАЕ, со Мохамед Саиф Ал Суваиди, директор на „Фондот за развој на Абу Даби“ разговаравме за можностите за инвестирање во инфраструктурата, обновливите извори, но и агро-бизнисот во Северна Македонија”, пишува Ковачевски.
