Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција посочи дека смета оти потонале сите лажни тврдења околу францускиот предлог.
„Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, во секој поглед, го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет“, порача Ковачевски.
Тој додава дека ветиле дека ќе се изборат да ги задржат клучните црвени линии кои со месеци биле повторувани.