Македонија

Ковачевски: Во моментов нема прифатлив предлог за решение на спорот со Бугарија

Ковачевски: Во моментов нема прифатлив предлог за решение на спорот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски не успеа да избега од медиумите на денешниот настан во Холидеј Ин, каде за прв пат се појавува по посетата на Брисел и одбивањето на францускиот предлог.

„Јас ќе ве упатам само на мојата прес конференција во Брисел и ставовите кои таму ги изреков се истите ставови. Во моментов нема ништо ново од кога беше прес конференцијата во Брисел“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вели дека дијалог се води на ниво на министерства за надворешни работи и кога ќе има прифатлив предлог тој ќе биде презентиран.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни