Македонија

Ковачевски во посета на манастирот Свети Јоаким Осоговски

Ковачевски во посета на манастирот Свети Јоаким Осоговски

Премиерот Димитар Ковачевски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, денеска го посети манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од каде упати честитка до христијанските верници.

– Денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица е празник на почит, љубов, разбирање, зацврстување на нашата волја да правиме добри дела. Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот, порача премиерот во честитката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни