Македонија

Ковачевски: Забранив да се купува морска храна, бадеми, лешници со пари од граѓаните

Ковачевски: Забранив да се купува морска храна, бадеми, лешници со пари од граѓаните

Премиерот вечерва објави дека донел одлука со која се става забрана за набавка на морски плодови, јаткасти плодови од пари на граѓаните.

Овај одговор следуваше на новинарско прашање откако изминатиов период беше објавено дека Службата за општи и заеднички работи на Владата набавила морски плодови во време на криза.

Премиерот додаде дека преку таа служба набавуваат и претседателот на државата Стево Пендаровски, но и Собранието.

Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба.

Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.

Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.

Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни