Македонија

Ковачки најави нови документи: Стани Славјанка, дај си оставка

Ковачки најави нови документи: Стани Славјанка, дај си оставка
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре на прес-конференција ќе објават документи и докази дека семејството Петровски се уште се во владение на луксузниот имот.
„Славјанка Петровска и нејзиното семејство имаат пријавено живеалиште во хациендата со базен која Министерката за одбрана ја крие. Утре на прес-конференција ќе обелодениме документи и докази дека Петровски се уште се во владение на луксузната хациенда со базен, која патем е дивоградба, а нејзиното бесправно градење е кривично дело. Стани Славјанка Петровска не бегај и дај си оставка веднаш. Лажеше дека хациендата не е твоја. Фатена си во лага. Хациендата со базен да ја подариш на здруженијата на бранители од 2001 година“, вели Ковачки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни