Сириски центар за убавина нуди терапија со полжави, која се повеќе добива на популарност, пренесува Ројтерс.
Мохамед и неговата сестра Рихам го отворија својот бизнис во 2022 година, инспирирани од зголемената побарувачка за третмани за убавина со природни и органски производи.
Двајцата почнаа да одгледуваат јајца. Сега имаат 1.500 полжави кои ги издаваат и во други центри за убавина.
„Сакаме да дојдеме до точка каде што не се користат хемикалии во негата на кожата. Ефективни се, но не колку полжавите“, категоричен е Мохамед.
30-минутната сесија со полжави чини околу 67 долари, што е недостапно за многу луѓе во Сирија, но двајцата велат дека имаат се повеќе клиенти.