Македонија

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува задолжителна верификација на телефон и меил

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува задолжителна верификација на телефон и меил

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов.

Оваа измена е во насока да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни