Свет

Кралот Чарлс го снимил своето прво божиќно обраќање

Кралот Чарлс го снимил своето прво божиќно обраќање

Кралот Чарлс ќе и оддаде почит на својата мајка, кралицата Елизабета Втора, во својата прва божиќна порака како монарх. Слика за време на говорот на Чарлс, кој ќе се емитува на Божиќ во 15 часот по Гринич, го прикажува кралот во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Во својата последна божиќна порака, покојната кралица зборуваше за „предавање на палката“ на следната генерација.

Првата божиќна порака на нејзиниот син ќе потсети на нејзиното наследство.

Тоа ќе биде првата телевизиска божиќна порака што не ја упатува покојната кралица од 1957 година.

На сликата на кралот се гледа како тој ја пишува овогодинешната порака во капелата каде што се одржа погребна служба за време на погребот на Елизабета Втора во септември.

Сликата, објавена од Бакингемската палата, го прикажува кралот Чарлс како стои пред новогодишна елка без пластика и која може да се рециклира, со аранжмани од дренка и бршлен во позадина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни