Кралскиот биограф откри тајна: На овој начин кралицата Елизабета го подготвува принцот Вилијам за крал

Кралскиот историчар Роберт Лејси, автор на најпродаваната книга „Битка на браќата“, го откри наследството на кралицата и иднината на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на престолот исклучиво за списанието „Пипл“.

Имено, откако принцот Чарлс и принцезата Дијана ги потпишаа документите за развод, кралицата Елизабета Втора започна нова традиција – неделни ручеци со нејзиниот внук, принцот Вилијам.

„Неговото однесување е резултат на дружењето со неговата баба, кралицата Елизабета, која интервенираше во 1995 година кога бракот на родителите на Вилијам заврши“, рече Роберт Лејси, додавајќи:

„13-годишникот беше на тенок мраз, се чувствуваше како да е оставен сам, и само што се пресели во елитниот колеџ Етон, кој се наоѓаше на другата страна на реката од Виндзор. Загрижена за емоционалната состојба на нејзиниот внук, кралицата го покани Вилијам да и се придружува секој пат кога неговите пријатели од колеџ ќе одат дома за викенд“.

Лејси порано рече дека ручеците меѓу кралицата и принцот Вилијам, кој е втор во редот на британскиот престол, всушност биле идеја на принцот Филип.

„Улогата на Филип во формирањето и учењето на Вилијам за иден крал беше од голема важност и тоа беше неговата идеја за заеднички ручек. Секогаш кога ќе дојде време кралицата да започне разговор со нејзиниот постар внук за тоа што го чека, Филип ќе се извини и ќе се повлече во своите одаи, верувајќи дека не треба да присуствува“, додава тој.

Тој вели дека не е изненадувачки што Вилијам ја научи нејзината најпозната изрека – „никогаш не жали, никогаш не објаснувај“.