Кристијан Нинески го фати крстот од водите на Вардар во Скопје

25-годишниот Кристијан Нинески од Скопје е момчето кое го фати светиот крст од водите на Вардар во Скопје.

Нинески шести пат скока по крстот, и во оваа 2019 година ја имаше таа среќа да заврши во неговите раце.

Нинески истакна дека е среќен што успеа да го фати крстот, и им го честиташе денешниот празник на сите граѓани.

Извор: ТВ21