Ковид цунами ги зафати Тетово, Гостивар и Куманово. Во овие градови, бројот на новохоспитализирани пациенти се менува од минута во минута, а доколку нема слободни кревети пациентите веднаш се препраќаат во Скопје.
„Во изминатите неколку денови најголем е притисокот во инфективните одделенија во Тетово, Гостивар и Куманово. Капацитетите се менаџираат и во секојдневна комуникација со болниците, пациенти се препраќаат во другите градови и во Скопје. Со систем за ротации се менаџира и кадарот кој работи во нив со цел ефективна здравствена грижа за секој пациент“, велат од Министерството за здравство.
Само во последните 24 часа во Тетово починаа, 10 пациенти. Алармантно е и во Гостивар од каде по денешниот состанок на Кризниот штаб беше препорачано граѓаните што побрзо да се вакцинираат со било која вакцина.
Во Тетово пак од утре се отвораат и дополнителни пунктови за вакцинација.