Предупредувањата на адвокатот Јовица Страшевски, судијката поротник Лилјана Ивановска Кочковска да не се појавува на рочиштето за ТНТ бидејќи така ќе стори кривично дело за лажно застапување, Кривичен суд го нарече закана. Кривичен суд упати апел надлежните органи да ги испитаат заканите од адвокатите на ТНТ.
“Основниот кривичен суд Скопје апелира до надлежните институции (Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството) да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.”, велат од Кривичен суд.
Адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски вели дека писмата упатени до Судот и судијката поротник не се закана туку толкување согласно законите во земјава.
“Врз база на што утврдивте дека овој предмет има исклучителен јавен интерес па одСудскиот совет спротивно на закон побаравте продолжување на мандатот на дветесудии – поротнички.Зошто предметот ТНТ има поголема важност и приоритет од предметите какоМонструм, Талир 1, Тендери, Топлик и други предмети каде членови на судечкисовет се судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани?”, вели Јовица Страшевски, Адвокат во ТНТ
Адвокатите се главни блокатори на предметот. На тој начин го перципира Кривичен суд и барањето на адвокатот Мерџан Даути за превод на записниците на албански јазик како и симултан превод.
„Не знам каде може да имаме злоупотреба на Законот за употреба на јазиците кој што е усвоен во оваа држава и се вика закон, а ако се вика закон треба да се почитува во институциите и тој закон не е донесен за по дома“, рече Мерџан Даути, Адвокат во ТНТ.
Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев го информираше и Министерството за правда за злоупотребите на адвокатите и заканите кон судијката поротник. Министерството преку соопштение очекува од сите инволвирани страни да работат согласно законите, со единствена цел, враќање на довербата кај граѓаните во судството.