Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 довела во заблуда повеќе луѓе така што лажно прикажувала факти преку социјална мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар.
На тој начин првопријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.200 евра и 6.000 денари.
