Тројца државјани на Македонија се соочуваат со кривични пријави во Хрватска, откако биле осомничени дека оштетиле јавна и сообраќајна инфраструктура со лепење налепници на кирилично писмо.
Според информациите од хрватската полиција, случајот бил пријавен минатата недела на подрачјето на Цавтат, по што било утврдено дека со налепници биле обележани сообраќаен знак, информативна табла и корпа за отпадоци. Надлежните служби наведуваат дека на тој начин предметите ја изгубиле својата видливост и намена.
Станува збор за тројца мажи на возраст од 23, 25 и 26 години, државјани на Македонија, кои имале уредно регулиран престој во Хрватска. По спроведените истражни дејствија, тие се предадени на притворската единица на Полициската управа Дубровничко-неретванска, каде ќе продолжи постапката.