Македонија

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за двајцата осомничени за марихуаната во Србија

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за двајцата осомничени за марихуаната во Србија

Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителството и им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на двајцата осомничени во предметот поврзан со марихуаната во Србија, кои претходно имаа определено краткотраен притвор од 48 часа.

Од Судот информираат дека притворот е продолжен по истите основи, согласно поднесениот предлог од надлежното обвинителство.

Воедно, од Судот посочуваат дека во овој момент нема доставено предлог за определување мерка притвор за други лица во рамки на истиот предмет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни