Поврзи се

Македонија

Кривичниот законик помина на прво читање, Кочан, Авировиќ, Канческа-Милевска се спасија од затвор?!

Предложените измени во Кривичниот законик, поминаа во прво читање. Со измена на членот 257, од затвор ќе се спасат, Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Елизабета Канческа- Милевска, осомничени во случајот „Труст“.

Од друга страна, предлогот за измена на член 353 беше повлечен, по реакциите на јавноста и сомнежите, дека со оваа измена можат да поминат неказнети поранешни функционери, кои се кривично гонети од СЈО.

Пред почетокот на дебатата, комисијата ја бојкотираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од пратениците и понатаму не се откажуваат од измените на член 353, но велат дека е потребно поширока дебата во која ќе се вклучат и претставници од областа на правдата.

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, рече дека поранешната влада планирала ваков закон, се со цел истиот да биде политички искористен, затоа тој рече дека овој закон треба да се ревидира и да претрпи измени.

Пратениците на парламентарното множество исто така рекоа дека овој член треба да се измени, но според нив за тоа е потребна поширока и попрофесионална јавна дебата.

Пратеничката од независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлова Старова, рече дела Кривичниот законик треба да се подобри.

Се уште не се знае дали и кога член 353 ќе се биде повторно пред пратениците, но јасно е дека измените на член 275 ќе стапат на сила. Според анализите, Авировиќ може да добие условна казна наместо казна затвор од три години, а на Кочан казната може да му се намали на 6 години.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com