Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19, апелираа од Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) Куманово по денешниот редовен состанок.
Во соопштението за одржаниот 51 состанок се наведува дека претставниците на институциите го брифирале штабот за работата во услови на пандемија.
– На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на Ковид состојбата. ОШЗС ја следи состојбата со ширење на вирусот на територија на Општина Куманово, ќе заседава редовно и препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид19, донесени од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести, се наведува во соопштението.
.
