Македонија

Кршел низ дома и агресивно се однесувал, па отишол кај соседката и ја прободел со нож! Уапсен маж од Тетово!

Кршел низ дома и агресивно се однесувал, па отишол кај соседката и ја прободел со нож! Уапсен маж од Тетово!

Во СВР Тетово во текот на вечерта биле регистрирани два настани поврзани со пријави против лицето В.Р.(57) од Тетово.

Имено на 29.05.2026 година во 23:40 часот, неговата 78 годишна мајка пријавила „загрозување на сигурноста при семејно насилство“, бидејќи во семејниот стан лицето кршело предмети и агресивно се однесувало.

По што на 30.05.2026 година во 00:17 часот, нивната сосетката пријавила, дека на 29.05.2026 година околу 18:10 часот, В.Р. заѕвонил на нејзината врата и со остар предмет и нанел повреди.

Лицето В.Р. со асистенција на полицијата и Итната медицинска помош Тетово е пренесено и хоспитализирано во соодветна здравствена установа во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни