Двајца мажи се пронајдени мртви во саботата во стан по тепачка, во која се избоделе до смрт, објави денеска словенечката телевизија.
Жртвите на возраст од 55 и 63 години живееле во соседните станови.
Првите податоци од полицијата укажуваат дека двајцата прво се дружеле, пред да се скараат и да се пресметаат.
Полициската управа Ново Место соопшти дека едниот е државјанин на Словенија, другиот на БиХ, објави порталот rtvslo.si.
Истражен судија наредил судска обдукција врз основа на која ќе се знае точната причина за смртта.
