КСС бара зголемување на платите, протест со „жолти елеци“ во Прилеп

Конфередерацијата на слободни синдикати на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15.

Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

Се вчитува...

СОНК обвини дека се вршел притисок врз вработени во училиштата во Прилеп да не излезат на денешниот протест, а на наставниците има се закажувале задолжителни активности.

Во Прилеп за една година, според нив, на улица останале илјада наставници. Протестираа и вработените во културата кои побараа колективни договори. Конфедерацијата на слободни синдикати најави дека протестите ќе продолжат се додека Владата не ги слушне нивните барања.

Извор: ТВ21