Кубански пури во вредност од над 170.000 евра се запленети на белградскиот аеродром

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ царинските службеници спречија двајца патници да шверцуваат кубански пури и цигарилоси чија вредност се проценува на повеќе од 20 милиони динари, соопшти српската Царинска управа.

Цариниците во куферите на една патничка (46), која изјавила дека нема што да пријави, пронашле повеќе од 5.000 цигарили и 650 пури, во вкупна вредност од околу 11 милиони динари, се наведува во соопштението.

Се додава дека потоа бил запрен уште еден патник (44) кој патувал со истиот лет од Хавана, а во неговите куфери биле пронајдени 4.900 кубански цигарили и 723 пури, вредни околу девет милиони динари.

Сите пури и цигарилоси се привремено задржани, а против патниците во чии куфери се откриени согласно законот ќе бидат поведени соодветни постапки“, се вели во соопштението.